Потребни состојки: 850-900 г брашно тип 500, 1 кесичка сув квасец (7 г), 2 јајца, 400 мл топло млеко, 180 мл масло, 1 лажица шеќер, 1 лажичка сол
Постапка: во еден подлабок сад ставете топло млеко, потоа додајте масло, две белки, една лажица шеќер и една кесичка сув квасец, па промешајте со жица додека состојките да се растопат и изедначат во хомогена смеса.
Постепено започнете да го додавате брашното (прво една половина од целата количина) и една лажичка сол, па полека замесете го тестото со додавање на остатокот од брашно. На почетокот можете да месете со лажица, а потоа замесете со рака.
Тестото е меко и лепливо. На набрашнета работна површина истресете го и домесете го тестото со додавање на брашно по потреба. Тестото треба да биде доста меко како памук, но сепак да не се лепи премногу за рацете.
Ставете го тестото во еден сад претходно намастен со малку масло, а исто така, и тестото намастете го од сите страни, покријте го со проѕирна фолија и оставете го на топло место за да стаса и да се удвои.
Најдобро би било тестото да го оставите околу час и половина до два часа. Тестото потоа префрлете го на набрашнета подлога и исечете го на помали делови. Прво на половина, па на четвртина… или кинете топчиња ако така ви е полесно.
Формираните топчиња покријте ги со фолија за да не фаќаат коричка, додека ги правите кифлите. Вадете едно по едно топче а другите нека останат покриени за да не се сушат.
Секое топче со оклагија развлечете го во правоаголна форма. Ако имате секач, поминете преку половина од коричката, а ако немате, со нож направете засеци, ставете лажичка фил по ваша желба, па свиткајте ја кифлата.
Рерната вклучете ја да се загрева на 190 степени, кифлите редете ги во плех, покријте ги кујнска крпа да стасаат и малку да пораснат додека се загрева рерната, а потоа премачкајте ги со изматени жолчки.
Ставете ги да се печат во добро загреана рерна на 180 до 190 степени додека да добијат убава златна боја, околу 15-тина минути.
Овие кифли ќе ве освојат и со изглед и со вкус, доволно е само еднаш да ги направите, ќе видите колку се едноставни за подготовка. На здравје сладење..