Панговски: Да ви го објаснам зборот профит и однесувањето на банките!

Да ви го објаснам зборот #профит.
Профит е кога една фирма (во нашиот случај банка) работи една календарска година, исплаќа плати, сметки за струја, за одржување, за канцелариски материјал, за телефон, за парно и на крај на годината подвлекува црта, и на све платено и подмирен данок кон државата и останува едно купче пари. Тоа купче пари од кога ќе ги покриеш сите расходи во годината се вика #ПРОФИТ. Значи грубо, СЕКОЈА БАНКА во Северна, минатата година направила ПРОФИТ од 5 до 30 МИЛИОНИ ЕВРА.
Ама тој профит нема да го искористат во време на криза и немаштија да бидат СОЛИДАРНИ кон оние кои ИМ ГО НАПРАВИЛЕ ТОЈ ПРОФИТ (ние, клиентите) туку тој ПРОФИТ ЌЕ ГО ПОДЕЛАТ МЕНАЏЕРСКИТЕ ТИМОВИ (Хари, Трифке, и компанија). Значи на пример, за да вие кои сте рецимо клиенти на Комерцијална банка, да не плаќате камата затоа што банката ќе ве почека 6 месеци, Хари Костов треба да се откаже максимум од 3 МИЛИОНИ ЕВРА ПРОФИТ, и ќе му останат 27 МИЛИОНИ ЕВРА ПРОФИТ. Ама он нема да се откаже. Ќе ви ја наплати дупло „добрината“.
Добра информација да се знае за кога ќе заврши кризава.
Сашо е интернет активист со јасно изразени политички и филозофски ставови. Нешто што денеска е реткост во Македонија.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.