Пандев во име на цела репрезентација му посака брзо заздравување на Ериксен

Првата ѕвезда на данскиот фудбал, Кристијан Ериксен, утрово соопшти одлични вести. Капитенот на скандинавската репрезентација им се заблагодари на сите за големата поддршка и потврди дека се чувствува добро по несреќата и колабирањето на натпреварот против Финска.
Данската куќа на фудбалот преку моќно видео испрати нова поддршка до својот најдобар фудбалер. На истото, желба за побрзо заздравување посакува првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, како и по еден член до секоја селекција која што настапува на Европското првенство.
„Чао Кристијан, поздрав од мое име и од името на моите колеги. Ти посакуваме што побрзо заздравување и те чекаме уште посилен на теренот. Сите сме со тебе“, рече македонскиот капитен Пандев.

Пред три дена времето за момент застана во Копенхаген, откако Ериксен колабираше на натпреварот со Финска, но благодарение на брзата реакција на неговите соиграчи и лекарскиот тим, избегната беше голема трагедија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.