Пандемијата дефинитивно стивнува, помалку од 1 посто заразени од тестираните

Во последните 24 часа се направени 3.777 тестирања, а регистрирани се 33 нови случаи на КОВИД-19 во:
• Скопје – 13
• Куманово – 4
• Тетово, Охрид и Кичево – по 3
• Прилеп и Радовиш – по 2
• Битола, Штип и Дебар – по 1.

Пријавени се вкупно 11 починати лица: 5 лица од Скопје (64г,77г,77г,77г,92г) и по едно лице од Виница (79г), Куманово (80г), Неготино (74г), Струмица (69г) и Тетово (76г).

Регистрирани се 92 оздравени пациент од:
• Охрид – 41
• Скопје – 15
• Струга – 13
• Куманово – 6
• Битола – 5
• Гостивар – 3
• Кочани – 2
• Тетово, Кичево, Неготино, Свети Николе, Радовиш, Виница, Кратово – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 792.077 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.246, бројката на оздравени пациенти е 147.473, на починати е 5.398, а бројот на активни случаи изнесува 2.375.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.