четврток, 12 ноември 2026
Најново

Пандов открива судењето за Кочани ќе се одвива во Идризово?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во новата дигитална судница во Казнено-поправната установа Идризово денеска започнува судењето за предметот „Адитив“, кој е поврзан со набавки за РЕК Битола. Обвинети се вкупно 31 физичко лице.

На прес-конференција, директорот на Управата за управување со санкции, Александар Пандов, изрази надеж дека и судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе се одвива во истата судница. Тој ги повика судиите почесто да закажуваат рочишта во оваа установа, со оглед на условите и безбедносните предности што ги нуди.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Судницата е функционална од 2020 година, изградена со финансиска поддршка од Европската Унија, но досега не се користеше.

Случајот „Адитив“ е еден од посложените процеси поврзани со злоупотреби во јавните набавки во енергетскиот сектор, кој ќе се води во специјално опремени услови со дигитална технологија.

Поврзани вести