Пановски за состојбата во Гостивар: Епа браво, 30 отсто од градот е болен, а нема епидемија

Микробиологот Никола Пановски реагира на известувањето дека во Гостивар засега нема да биде прогласена епидемија, сѐ додека не се утврди причината за големиот број заболени со стомачни тегоби.
„Во Гостивар има епидемија на гастроентеритис. 1.500 се регистрирани со исти симптоми и најмалку уште 5.000 кои не се јавиле на лекар. Во еден град заболеле 30% од населението од иста болест и нема услови за прогласување на епидемија!!! Епа браво. Епидемиолози каде сте, ова не е политика, ова е ваша должност да реагирате“, напиша Пановски на социјалните мрежи.
Претходно, министерот Сашо Клековски изјави дека повеќе институции спроведуваат епидемиолошки анкети и лабораториски анализи за да се утврди причинителот на заболувањата, а се очекуваат резултатите од анализите на водата. Тој посочи дека прогласување епидемија ќе се разгледува откако ќе бидат утврдени причините за масовното заболување.
Според Министерството за здравство, досега повеќе од 1.000 граѓани побарале лекарска помош поради гастроинтестинални симптоми, додека Агенцијата за храна и ветеринарство воведе забрана за пиење и користење на водата од градскиот водовод до добивање на резултатите од анализите. Во меѓувреме, МВР води истрага поради сомнение за загадување на водата за пиење.
The post Пановски за состојбата во Гостивар: Епа браво, 30 отсто од градот е болен, а нема епидемија appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: