Пановски: Кон 20-ти април ќе имаме пик од над 60 починати на ден

Бројот на починати го следи бројот на новозаразени и хоспитализирани, вели професор д-р Никола Пановски во интервју за Сител.
„Според бројот на хоспитализирани можеше да се очекува бројот на починати, што според разни статистики е околу 20-30 отсто. И, не е тешко да се пресмета ако имате 1.700 хоспитализирани, колку ќе си одат дома колку нема да си одат дома, и од таа бројка ќе испадне околу 500. Рачунајте во следните 10 дена, тоа ќе варира, меѓутоа тој е процентот. Не се намали процентот на смртност, не се пронајде некој нов лек. Бар кај нас лекувањето мислам дека е такво какво што беше есента и бројот на смртни случаи го прати бројот на новооткриените случаи и на хоспитализираните пациенти. Ако бројот во следните денови е 40, за жал може да оди и над 60“, вели Пановски.
„Луѓето меѓу 30-40 години најчесто се заразуваат и најмалку се штитат, не можат да се штитат или им е смачено, а некои одат по ресторани кафичи, значи свесно одат да се заразат. За жал, тоа е една себичност позната во Западна Европа која однесе милиони луѓе и млади, но на еден млад одат уште 50 стари на кои им го носат вирусот дома. Мислам дека постарите сите веруваат во вирусот и сите се заштитени, затоа има и кај младите доста случаи. Можеби е од самиот вирус, ќе треба да се види“, објаснува микробиологот д-р Пановски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.