Папата Франциск примен во болница поради бронхитис

Папата Франциск беше примен во болница со бронхитис. Како што се наведува во соопштението на Ватикан, папата по прегледот во петокот е префрлен во поликлиниката Гемели во Рим на дијагностички тестови и третман на бронхитис.

Папата Франциско пред пет дена го прекина говорот на плоштадот Свети Петар поради бронхитис.

„Се извинувам, тешко дишам“, рече тој тогаш и го повика колегата да продолжи да го чита неговиот говор.

Всушност, неколку дена претходно, Франциск, поради респираторни проблеми, решил да ги прекине официјалните состаноци во Апостолската палата на Ватикан и како алтернативно место го избрал хостелот „Света Марта“ во Ватикан, каде што престојува.

Аргентинскиот папа има 88 години и страда од хронични болки во коленото, додека често има проблеми со респираторниот систем.

Пронајдете не на следниве мрежи: