недела, 15 ноември 2026
Најново

Парите од Унгарија ќе се користат и за фотоволтаици, за да не останат неискористени, рече Мицкоски

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Се проширува опфатот на унгарскиот кредит во делот од 250 милиони евра наменет за компаниите, со тоа што освен за зголемување на производството, градење деловен простор, сега парите ќе може да се користат и за изградба на трговски центри и за проекти за обновливи извори на енергија.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека оваа одлука била донесена за да се искористат сите средства предвидени за стопанството.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Мицкоски информираше дека договорот кој треба да се потпише со Развојната банка, а потоа и на Развојната банка со банките е готов и дека до крајот на месецот целата процедура ќе биде завршена, по што компаниите конечно ќе може да поднесуваат барања до банките за финансирање на проекти.

„ Анализата вели дека 250 милиони евра е годишно побарувањето на економските оператори да земат заем. Кога ќе ги ограничите можностите, тогаш ги ограничувате економските оператори “, рече денеска премиерот Мицкоски во Петровец, каде промираше изградба на пат со пари од унгарскиот кредит наменет за проекти на локалната самоуправа.

Тој посочи дека доколку има ограничувања, може да се случи наместо 250 милиони, да се искористат само 120, 100, 80 или 150 милиони евра, а останатите да останат.

„Содржината на договорот е готова, во вторник на владина седница ќе помине и се надевам дека до крајот на месецот ќе биде се завршено и ќе се потпише со банките. Ги повикувам економските оператори да подготват проекти, да аплицираат и да ги добијат средствата“, рече Мицкоски.

Поврзани вести