Парламентот им дозволи на Украинците да носат огнено оружје и да реагираат во самоодбрана

Украинскиот парламент денеска во прво читање го усвои предлог-законот со кој на Украинците им се дозволува да носат огнено оружје и да реагираат во самоодбрана.

„Усвојувањето на овој закон е целосно во интерес на државата и општеството“, изјавија авторите на нацрт-законот, пренесува Ројтерс.

Тие тврдат дека донесувањето на овој закон е неопходно поради, како што велат, заканите и опасностите со кои се соочуваат граѓаните на Украина.

Украина денеска почна да регрутира припадници на резервните одбранбени сили на возраст од 18 до 60 години, по наредба на претседателот Владимир Зеленски, дури и откако рускиот претседател Владимир Путин ги призна самопрогласените републики Доњецк и Луганск во источна Украина и одобри испраќање војници во област.

Пронајдете не на следниве мрежи: