Партизан доживотно казни навивач и го тужи на суд!

КК Партизан направи потег кој е пракса во сите земји каде што спортот е на високо ниво, но затоа е преседан на овие простори. На еден свој навивач му изрече доживотна забрана за следење на натпреварите на црно-белите, згора на тоа го одведе и на суд.

Инцидентот кој донел до ова се случил на 13 јануари, на мечот меѓу Партизан и Басконија, во Евролигата. Партизан го доби тој меч со 83-65, на него немало никакви тензии, а еден навивач плукнал по судиите, кога тие поминале покрај неговото седиште, од теренот, кон соблекувалните. По извршената истрага, лицето било лоцирано од полицијата и легитимирано.

Пронајдете не на следниве мрежи: