Партизан му се реваншира на вечниот ривал!

Кошаркарите на Партизан, како гости, го добија второто евролигашко белградски дерби против Црвена звезда (79-78), со што му се реваншираа на противникот за поразот во првиот дел од сезоната во мечот во „Штарк арена“.

Црно-белите сосема заслужено дојдоа до триумф со оглед што го имаа водството во најголемиот дел од средбата, а најмногу со осум поени во неколку наврати. Во финишот дојде до пенал завршница, но партизановци максимално ги казнаа непромислените прекршоци на противникот, кои на крајот скапо ги чинеа. Единствено добро за Ц. Звезда, на која не ѝ донесе среќа ниту Перо Антиќ, првиот човек на КФМ, кој беше во првите редови до теренот бодрејќи ги своите поранешни соиграчи, е што загуби со помала разлика од што беше подобра од противникот во првиот меч (79-76).

Пронајдете не на следниве мрежи: