Партијата на Мицковски услогласена со СДС и ДУИ за избор на директор на ОТА во СОБРАНИЕТО

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денеска заеднички изгласаа директор на ОТА.

На денешната 131 седница на Собранието на Република Македонија беше донесена одлуката за избор на Јаническа за нов директор на ОТА. Во салата на Собранието беа присутни вкупно 93 пратеници, а за оваа точка пратениците гласаа едногласно.

Какво ќе биде времето викендов?
Денес, особено во источните делови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови …
ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР 2 ЧАСА ВО РЕСТОРАН ја тепал сопругата: Жената паднала и никогаш не станала КАМЕРИ ГИ СНИМАА ПОСЛЕДНИТЕ МОМЕНТИ ОД ЖИВОТОТ (ВИДЕО)
Судот во Казахстан објави видео на кое се гледа како поранешниот министер за економија до смрт ја тепа сопругата во ресторан!На видеото се гледа како Куандик Бишимбаев (43) брутално ја тепа Салтанат Нукенова (31) …

На здруженото гласање реагиураше и лидерот на Левица, Апасиев, кој симболично им посака среќа “на младите”, алудирајќи на широката коалиција во Собрението.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ заедно со СДСМ со двотретинско мнозинство го изгласа и Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија, со која практично се укинува парламентарната демократија во Македонија.

Јаническа е дипломиран правник и досегашен стручен соработник за општи и заеднички работи во Оперативно-техничката агенција. Предлогот беше утврден едногласно, а денеска добие дво-третинско мнозинство и Бадинтерова поддршка.

ОТА беше формирана како самостоен државен орган по скандалот со масовното прислушување и Извештајот на експертската група на Европската комисија предводена од Прибе. Со повеќе законски измени, УБК доби наследник во АНБ која задржа голем дел од надлежностите, додека опремата за прислушување премина во ОТА.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.