четврток, 12 ноември 2026
Најново

ПАСОК ќе предложи гласање недоверба на грчката Влада

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Предлагаме да се достави барање за гласање недоверба на Владата и ги повикуваме сите демократски опозициски партии да ја поддржат нашата иницијатива, порача лидерот на ПАСОК Никос Андруалкис говорејќи попладнево во Парламентот и најави дека в среда ќе може да се достави конкретниот предлог, јави дописничката на МИА од Атина.

Андрулакис во изминатиот период неколку пати порача дека ПАСОК ќе достави предлог за гласање недоверба на Владата, но откако претходно ќе биде објавен експертскиот извештај за железничката несреќа, нешто што беше презентирано претпладнево од Националната управа за истрага на авионски и железнички несреќи и безбедност на транспортот и затоа посочи дека сега е „вистинскиот момент кога има непоколебливи докази против актуелната власт со печат на научната јавност“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Предлогот ќе биде доставен в среда, со оглед на тоа што за вторник во Парламентот е закажана расправа за формирањето предистражната комисија за поранешниот министер Христос Триантопулос.

За доставување предлог за гласање недоверба на Владата потребни се потписи од една шестина од вкупниот број пратеници во Парламентот, односно најмалку 50 потписи, а ПАСОК има 32 пратенички места што значи дека ќе треба да добие поддршка од опозициските партии.

Од СИРИЗА, која има 26 пратенички места веќе подолг период го повторуваат ставот дека е неопходно доставување предлог за недоверба на актуелната грчка Влада.

Поврзани вести