Паста од само 3 состојки и зачини по вкус – готова за 15 минути!

Оваа комбинација со посебно избрани шпагети е навистина одличен избор на храна во сите сезони.
Се користат капелини – ултра тенки шпагети што малку потсетуваат на нудли. Се варат само пет минути, па дури и помалку.
Подготовка:
Сварете ја пастата во посолена вода, па исцедете ја. Во подлабок сад загрејте маслиново масло и на тивок оган загрејте италијански зачини (сув босилек, оригано и магдонос) за да пуштат мирис.
Додадете излупен домат, исецкан на коцки и оставете топлината кратко да ‘продре’, не подолго од 2 минути.Додадете ја сварената паста и добро измешајте.
Оставете малку да се излади пред да ја додадете сецканата моцарела и свежото оригано.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.