500 г шпагети
1 главица кромид
2 чешниња лук
400 г конзервирани домати
370 г конзервирана туна
200 г маслинки
прстофат шеќер
1 лажица црвен пипер
1/2 мала лажица мелен црн бибер
сол
1. Шпагетите се варат во солена вода до ал денте и се процедуваат.
2. Маслото од туната се става во тава на оган, во него се додаваат ситно исечканиот кромид и изренданиот лук и кратко се запржуваат.
3. Потоа се додаваат доматите, 2/3 чаша вода и маслинките, и се остава да се издинста.
4. Се додаваат зачините и се промешува.
5. Пред крајот се додава месото од туна и се промешува.
6. На крај се додаваат исцедените шпагети, се промешува и се сервира.