Паста чипс

Чипсот од тестенини е една од многуте TikTok сензации. Ова популарно јадење е направено од варени тестенини прелиени со маслиново масло, пармезан и зачини, кои потоа се пржат додека не станат крцкави.
Оригинално наречен паста чипс, излегува толку крцкав и совршен за потопување во вашиот омилен сос што го прави особено погоден за сервирање како предјадење.
Можете да користите какви било тестенини по ваш избор – сѐ што можете да зграпчите со прстите и да потопите.
Пармезанот дава одличен вкус и станува крцкав дури и со пржење, а можете да го замените со меки сирења кои добро се рендаат, како на пример гауда.

Пармезанот дава одличен вкус и станува крцкав дури и со пржење, а можете да го замените со меки сирења кои добро се рендаат, како на пример гауда.
Потребни состојки:
За чипс:
250 gr тестенини
1 лажица маслиново масло
3 лажици рендан пармезан
½ лажичка италијански зачини
½ лажичка лук во прав
сол
бибер
За сос:
120 gr рендано фета сирење
50 gr грчки јогурт
1 чешне лук
2 лажици маслиново масло
Подготовка:
Тестенините сварете ги ал денте според упатството на пакувањето и исцедете ги.
Потоа извадете ги од тенџрето, распоредете ги на тава и прелијте со маслиново масло, пармезан, италијански зачини, лук во прав, сол и бибер.
Пржете во фритеза или печете во рерна на 200°C околу 12-15 минути, мешајќи неколку пати.
За сосот измешајте ја распарчената фета, грчкиот јогурт и лукот и мешајте додека го додавате маслиновото масло додека фетата не стане кремаста.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.