Патот до успехот: Живот исполнет со предизвици и врски со државата…

Судската постапка против Асмир Јахоски, сопственик на „Пуцко петрол“, предизвика голем интерес во јавноста, откако му беше определена мерка домашен притвор. Јахоски е еден од групата осомничени за нанесување штета на државниот буџет во вредност од 167.549.985 евра.

Притвор исто така беше изречен за Ратко Капушевски, генерален директор на РКМ за трговија со енергенси и нафтени деривати, под основани сомненија за злоупотреби во набавките на мазут и перење пари. Р.К., А.М. и Е.С. добија притвор од 30 дена поради ризик од бегство и можност да ја спречат истрагата со влијание врз сведоци. За останатите седум осомничени, судијата го прифати предлогот на јавниот обвинител и определи мерки за претпазливост.

Јавното обвинителство објасни зошто Јахоски доби куќен притвор, посочувајќи дека судијата водел сметка за околностите истакнати од обвинителството, но и за личните околности на осомничениот. Јахоски има старателска обврска над четири деца, од кои три се малолетни, има силни врски со државата и управува со сопствена компанија со многу вработени.

Покрај тоа, неговата здравствена состојба била загрижувачка, за што доставил документација. Овие фактори го намалуваат ризикот од бегство и беа основа за судот да определи поблага мерка за обезбедување негово присуство. Освен куќниот притвор, Јахоски остана без патна исправа и му е забрането да добива нова.

Обвинителството, заедно со правосудната полиција, работи на обезбедување докази за имотот на осомничените, со цел потенцијална конфискација во иднина.

Според Министерството за внатрешни работи, против 13 физички и едно правно лице е поднесена кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари“. Меѓу обвинетите се истакнуваат имињата на В.К. од Битола, А.М. од Скопје, и други лица од различни локации во Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.