Патувањето може да ве направи посреќни од стапувањето во брак

Без разлика дали патувате само со еден ранец или имате резервација во луксузен хотел, секое патувачко искуство позитивно влијае на вашето здравје и го зголемува лачењето на ендорфинот. За некои луѓе, среќата која ја чувствуваат додека патуваат е поголема од онаа за време на некои големи животни настани како стапувањето во брак. Едно истражување спроведено од „Букинг“ потврдува дека луѓето навистина сметаат дека патувањето е повредно од некои други животни моменти.
Патувањето може да ве направи посреќни од стапувањето во брак
Патувањето ве прави среќни
Испитаниците во истражувањето, кои доаѓале од 17 различни земји, кажале дека многу малку нешта можат да ги направат толку среќни како патувањето. 77% од нив изјавиле дека прават резервација за патување кога сакаат да си го подобрат расположението.


Тоа може да ве направи посреќни од другите големи моменти
Најинтересниот дел од истражувањето е откритието дека голем дел од луѓето се посреќни додека патуваат отколку за време на некои големи животни настани. 49% од испитаниците кажале дека биле посреќни кога планирале или оделе на одмор отколку на сопствената венчавка. 45% тврделе дека запросувањето не ги направило толку среќни како патувањето. За 29% од испитаниците, патувањето направило да се чувствуваат посреќни и од раѓањето на нивното дете.
Купувањето работи не може да го замени искуството


Истражувањето на „Букинг“ покажало и дека луѓето повеќе ги ценат искуствата отколку поседувањето материјални нешта. 70% од испитаниците кажале дека одењето на одмор им пружа поголемо задоволство отколку купувањето нови работи. 56% од луѓето попрво би оделе на одмор отколку да купуваат нови алишта или технолошки уреди и додатоци.
Дури и планирањето на одморот го поправа расположението
За 72% од испитаниците, доволно е да започнат со планирањето на одморот за да се чувствуваат среќни. Шест од десет испитаници се чувствуваат добро кога ги замислуваат патувањата и разгледуваат резервации. Сепак, над половина од учесниците во истражувањето изјавиле дека купувањето облека за одмор ги прави најсреќни!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.