Пациент вечерва почина по пат накај болница заразен од КОРОНАВИРУС

Пациент вечерва почина по пат накај болница заразен од КОРОНАВИРУС

Вечерва министерот за здравство, Венко Филипче гостуваше на „Топ Тема“. Тој рече дека пациентите заболени од коронавирусот во Македонија се со лесна слика.

Во меѓувреме стигна вест како еден пациент на 45 години патувајќи накај болницата „8-ми Септември“ починал од КОРОНАВИРУСОТ.

Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), 45-годишен пациент од Скопје, тестиран и потврден позитивен на Ковид-19 преку Ветеринарен факултет, починал на пат кон болницата „8-ми Септември“, соопшти владината прес-служба.

Претходно дента беше известено за пет нови смртни случаи како последица на вирусот ковид-19 во изминатите 24 часа. Четири од нив се на Клиниката за инфективни болести, тоа се пациент од Куманово (52 години), пациентка од Лабуништа, Струга (65 години), пациентка од Челопек, Тетово (62 години) и пациентка од Штип (81 година). Петтиот смртен случај е регистриран во домашни услови во Куманово кај лице на возраст од 53 години.

ПРОЧИТАЈТЕ УШТЕ И:

Градоначалникот на Чешиново-Облешево е заразен со коронавирус

Радио станици на Пулс24

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.