1 литар млеко
300 г шеќер
120 г брашно
60 г нишесте
100 г путер
4 лажици какао
1 ванилин шеќер
150 г кокосово брашно
2 кесички шлаг крем
200 мл млеко
Во тенџере на оган ставете 700 мл млеко, шеќерот и ванилиниот шеќер. Во преостанатите 300 мл млеко додадете ги брашното, нишестето и какаото. Измешајте и додадете во зовриеното млеко. Откако кремот ќе се згусне тргнете од оган. Додадете го путерот и мешајте додека се растопи.
Во тава од рерна нанесете го кокосовото брашно. Врз него нанесете го кремот, ставете во фрижидер и убаво изладете.
Премачкајте со изматениот шлаг, сечете ленти и виткајте ги во ролатчиња.