Паша ќофте

500 г јунешко мелено месо
1 филџан ориз
1 рендана главица кромид
1 морков исечен на ситни коцки
1 рендан корен од пашканат
1 корен од магдонос
4 лажици брашно
1 врзоп магдонос
4 ситно исечени чешниња лук
1 лажица сув зачин
2 ловорови листови
масло, сол и мелен црн пипер
Меленото месо замесете го со кромидот, измиениот и исцеден ориз, и зачини. Формирајте топчиња со големина на орев и испржете ги.
Додадете ги морковот и пашканатот, и запржете ги. Потоа додадете го брашното и запржете го додека малку ја промени бојата. Додадете 1 1/2 литар вода, коренот и врзопот магдонос, лукот, ловоровите листови и зачини. Варете на тивок оган 30-тина минути.
Извадете ги коренот и гранчињата магдонос, и сервирајте со кришки лимон или лимонов сок.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.