Паѓаат температурите – какво време нè очекува ?

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и посвежо. Во северозападните делови ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и посвежо. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 24 степени.
До четврток под влијание на продор на постудена воздушна маса ќе преовладува променливо облачно и значително посвежо време со умерен до засилен ветер од северозападен правец. Утре и во среда ќе има повремен локален дожд. Од четврток утринските температури ќе бидат особено ниски, а од петок повторно ќе има пораст на дневните температури.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.