„Подобро е ДПМНЕ да молчи и да не го повикува СДСМ за било што поврзано со Пуцко Петрол и Ратко Капушевски, бизнис изроден како резултат на коалицијата ДПМНЕ и ДУИ.“, велат од СДСМ.
„Капушевски е долгогодишен поддржувач и „дете на Груевски“, ДПМНЕ точно знае дека за овој случај е одговорен човек кој излегол од нивните структури.
Пуцко Петрол е компанија која израсна во времето на коалицијата ДПМНЕ-ДУИ и е главен бизнис партнер на сите градоначачници на ДПМНЕ ама и на институциите кои ги водат.
Само во последните 9 месеци, општини и институции раководени од ДПМНЕ имаат склучено 170 тендери со компанијата Пуцко Петрол. За ова треба да одговори ДПМНЕ.
СДСМ дава поддршка на истрагата и очеквуаме целосно расветлување на случајот.
Секој кој се огрешил треба да одговара.
Но, ДПМНЕ треба да одговори како тоа повторно кога е обвинет некој од ДУИ нема притвор, дали повторно има договор како што беше со Артан Груби кој беше пуштен да избега.“, се вели во соопштението на СДСМ.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.