Реакција и демант
По повод видеото што циркулира на социјалните мрежи и известувањето на медиумот Сител за инцидентот на денешната седница на Советот на Општина Кочани, ПДПР остро реагира на едностраното прикажување на случувањата и погрешното информирање на јавноста.
Советникот Аки Акиов не е единствениот учесник во настанот – недозволиво е да се занемари суштината и причината. Тој континуирано беше прекинуван и навредуван од страна на советникот Васе Алексов и претседателот на Советот, Лазо Митев, особено при неговите обиди да проговори за трагедијата со дискотеката „Пулс“, каде загинаа млади животи.
Денес, советникот Алексов упати крајно навредливи зборови „Мрш бе, говнар“ кон Акиов, што предизвика силна афектна реакција. Без намера, во тој момент беше погодена вработена во општината со пластично шише – за што Акиов веќе јавно се извини, и преку оваа реакција уште еднаш изразува искрено жалење.
Овој инцидент не смее да ја засени суштината: долготрајна дискриминација и навреди врз советникот Акиов, кој е мета на расистички испади од истиот советник Алексов – за што веќе е поднесена кривична пријава до ОЈО Кочани по чл. 394-г од КЗ.
Воедно, остро го демантираме тврдењето на Сител дека било фрлено стаклено шише. Се работи за пластично шише и бараме медиумите да информираат точно и одговорно, без сензационализам.
Со Почит,
ПДПР – Партија за демократски просперитет на Ромите!