Стрелец на победничкиот погодок беше Педри во 18. минута по одлична асистенција на Роберт Левандовски. Домаќинот во последната минута успеа да ја затресе мрежата, но голот на Чуквуезе беше поништен поради офсајд, за големо разочарување на навивачите на „жолтата подморница“.