четврток, 12 ноември 2026
Најново

Пеколните горештини ќе попуштат: Следува пад на температурите и засилен ветер

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во периодот од (понеделник 9 јуни до недела 15 јуни) во нашата Република Македонија ќе имаме намалување на интензитетот на овој топлотен бран од Африка и породор на посвежа воздушна маса од север која ќе услови пад на температурите на воздухот за 3 до 5 степени и повремено засилен ветер од северен правец, најави Славчо Попоски.

Времето ќе биде претежно сончево со појава на мала локална облачност. Во попладневните часови локално ќе има развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Повторно е можна појава на локално невреме.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

И во Скопскиот регион во погоре споменатиот период повремено ќе дува засилен ветер од северен правец кој ќе ги спушти температурите за 3 до 5 степени во однос на оние кои ги имаме сега. Во попладневните часови ќе има услови за нестабилност и во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени. И во Скопје максималната температура ќе се искачува околу 32/33 степени, вели метеопрогнозерот.

Поврзани вести