Пенасти американски палачинки: Одлична замена за доручек или вечера

Меки, вкусни палачинки – послужете ги со прилог по желба.
СОСТОЈКИ:
250 мл млеко
120 гр брашно
50 мл масло
1 лажичка прашок за печиво
кора од лимон
1 јајце
1 лажица шеќер
малку сол
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Разматете жолчки со шеќер пенасто, додајте масло, млеко, сол и брашно и добро изедначете. Разматете со миксер белки, па полека ставете во тестото и спојте.
Тавата намастете ја со масло и пржете палачинки. Ставете по две кутлачи на средина на таавата, тоа само ќе се разлее. Пржете на умерена температура.
Полека свртете. Послужете со прилози по желба.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.