Пендаровски: Замислете да ве најават дека утре доаѓате на митинг и потоа друг зборува за вас – мене никој не ми треба да ме дополнувa

Во интервју за Топ Тема претседателскиот кандидат Стево Пендаровски меѓу другото одговараше и за начинот на кој тој ја води кампањата.

 
„Да се вратиме на мојата кампања од 2014 година, пред точно 10 години бев апсолутно сам во таа кампања. Заев тогаш беше скорашен лидер на СДСМ, го нема на ниеден мој митинг да зборува на говорница. Затоа што тоа е моето поимање, тоа беше на мое инсистирање. Моето поимање на претседателската функција дека вие ќе си имате тим на соработници, ќе има сигурно политички партии кои ќе ве поддржуваат, ама не можете да собирате четворица, петорица кои ќе зборуваат, а особено како последни говорници, а вие ќе бидете еден од говорниците бидејќи утре треба да бидете стварно самостоен, независен во вршење на таа функција. Значи, 2014 го имав апсолутно истиот концепт во кампањата. Во 2019 тогашниот премиер почесто беше присутен на митинзите. Тоа е мојот иницијален концепт кој пред 10 години, така ја разбирам таа функција” порача Пендаровски.
Кандидатот за претседател Пендаровски направи и споредба со дел од противкандидатите и фактот што тие не се појавуваат на сите закажани средби со граѓани.

„Мене не треба други да ме дополнуваат, или да не критикувам никој од противкандидатите, меѓутоа едната од нив, замислете на најава на плакат вели утре доаѓа кандидатот за претседател и доаѓаат други тројца, четворица, вас воопшто ве нема и тие зборуваат за вас. Како ќе бидете утре претседател ако ја добиете довербата? Инаку, ако зборуваме за првиот човек до скоро на владата и на главната партија од коалицијата која ме поддржува СДСМ тој зборуваше на неколку митинзи во Скопје каде што е носител на првата изборна единица” истакна Пендаровски.

Пронајдете не на следниве мрежи: