Пендаровски: Кај трансакциониот Трамп ние имаме многу малку што да понудиме

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во гостување вечерва на телевизија Сител рече дека актуелната власт се истрчува и не може „да ја купи“ страната на Доналд Трамп во спорот со Бугарија.

– Ваков „трансакционен“ Трамп е колку ќе платиш, толку ќе имаш. Што можеме ние да понудиме кај ваков Трамп во однос на Бугарија – ништо, практично ништо. Кај трансакционен претседател ние имаме многу малку што да понудиме – зборувам за пари и ресурси, рече Пендаровски.

Според Пендаровски, актуелната власт греши во политиката на „ново нормално“ и доближувањето до политиката на американскиот претседател и истовременото дистанцирање од Брисел.

Пронајдете не на следниве мрежи: