Пендаровски на средба со Каролине Едштадлер, Сојузна министерка за Европската Унија и Устав на Република Австрија

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Сојузната министерка за Европската Унија и Устав на Република Австрија, Каролине Едштадлер.

На средбата беа потврдени одличните билатерални односи меѓу двете држави и беше изразена желба за понатамошно унапредување на политичките односи и економската и техничка соработка, при што беше нагласен интересот за интензивирање на политичкиот дијалог и размена на посети на високо ниво.

Претседателот Пендаровски истакна дека високо ја цениме австриската постојана и гласна поддршка за нашата интеграција во Европската Унија оценувајќи дека експертизата од Австрија е од големо значење за Северна Македонија во исполнувањето на стандардите на Европската Унија.

На средбата, претседателот упати благодарност за австриската координација на донацијата на вакцините „Фајзер“, според која нашата држава ќе добие 119.000 дози, од кои 20.000 се испорачани денеска и нагласи дека со ова Европската Комисија уште еднаш ја демонстрира својата солидарност.

Претседателот Пендаровски се заблагодари и за поддршката за време на мигрантската криза и постојаната помош на австриските полицајци во заедничките гранични операции на нашата јужна граница.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.