Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за најновото издание на неделникот „Фокус“, вели дека правосудството „подолу не може да биде“. Според него, проблемите во правосудството се провлекуваат 3 децении, зашто, според него, тоа никогаш не станало независно од центрите на политичка и пред се – на економска моќ.
–Никогаш не сум мислел дека се можни брзи решенија, на краток рок, во сферата на правосудството, пред сѐ затоа што ние во изминатите 30 години, секоја политичка гарнитура, некоја повеќе, некоја помалку, во суштина, ја етаблиравме, политиката на неказнивост. Не постои висок функционер што завршил в затвор додека „неговите“ се на власт, нема судија и обвинител што завршил в затвор во време кога е перцепиран како судија од „нашите“ тефтерчиња – вели тој.
Во контекст на лошите состојби во правосудството, тој го лоцира проблемот со нерасветлувањето на голем број на мафијашки ликвидации, Одговарајќи на прашањето „дали мафијата е помоќна од државата“, вели: „Не, лошото е тоа што во овие случаи се гледа дека мафијата има поддршка од моќни луѓе во државниот апарат. Ако не процесуираш некое убиство извршено пред очевидци, тоа значи дека некој доволно моќен рекол – немој да процесуираш“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.