четврток, 12 ноември 2026
Најново

Пендаровски положи цвеќе на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот Стево Пендаровски за време на посетата на Италијанската Република и Светaтa Столица, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, денеска во базиликата „Сан Клементе“ положи цвеќе на гробот на Свети Кирил.

Претходно, претседателот Пендаровски имаше аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост Папата Франциск, а се сретна и со државниот секретар на Светaтa Столица, кардиналот Пјетро Паролин.

Претседателот Пендаровски, заедно со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, ја посетија базиликата „Санта Марија Маџоре“ и заеднички оддадоа почит на делото на Светите браќа Кирил и Методиј.

Поврзани вести