четврток, 12 ноември 2026
Најново

Пензионер од Велес се опил и дивеел по улици

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

69-годишен велешанец вчера е уапсен откако во многу пијана состојба правел неред на улица во градот, а не ги слушал ниту полицајците кои биле повикани, соопшти МВР.

„На 12.07.2026 во 21:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го приведоа Ј.Т.(69), затоа што на улица „Стеван Гајдов“ во Велес, го нарушил јавниот ред и мир и не ги почитувал наредбите на полициските службеници кои вршеле службени дејствија. При преземени мерки било констатирано дека тој бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,90 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.

Поврзани вести