Уличните музичари се составен дел од секој град. Ги развеселуваат минувачите, го покажуваат својот талент, но и се обидуваат да заработат.
Еден млад музичар од Загреб имаше среќа да биде придружуван токму од пејачот во моментот кога изведуваше негова песна.
Младиот Давид го изведувал познатиот хит на хрватскиот пејач Петар Грашо „Ако те питају“, кога му се случило нешто неочекувано. Токму во тој момент во близина се нашол Грашо, кој кога го слушнал ДАвид како ја пее неговата песна, не можел да одолее да не му се придружи во настапот.
Двајцата пееле заедно додека околу нив се собирале се повеќе минувачи кои ги слушале и заедно со нив пееле.
Многумина беа воодушевени од оваа несекојдневна глетка од улиците на хрватската престолнина, а се огласи и самиот Грашо кој го пронајде Давид на социјалните мрежи и го сподели видеото со него.
-Браво Давид, напиша Грашо и додаде дека ужива да пее со него.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.