Петгодишно девојче почина од пандемски грип

На Клиниката за детски болести вчера е примено петгодишно девојче од Скопје, кое претходните три дена се лекувало од вирусна пневмонија во Институтот за белодробни заболувања Козле. Поради влошување на респираторните симптоми детето е интубирано, но и покрај сите преземени мерки тоа починало синоќа во 23:30 часот, после 13 часа престој на Клиниката, информираа денес од Детската клиника.
Поради влошување на состојбата со појава на невролошки симптоми (пореметена свест, конвулзии) детето е префрлено на Клиника и првично примено на одделот за неврологија. Веднаш е свикан конзилиум, земени се лабораториски иследувања и поради тешката состојба со засегнување на мозокот и црниот дроб, префрлено е на одделот за интензивна нега и терапија. Лабораториски се потврди пандемски грип – H3N1 Influenca A.
Дадена е терапија со тамифлу, антибиотска терапија, кислородна поддршка, хепатопротективна терапија, антиконвулзивна терапија, интравенски имуноглобулини, плазма и друга специфична терапија. Поради влошување на респираторните симптоми детето е интубирано, но и покрај сите преземени мерки почина во 23:30 часот, после 13 часа престој на Клиниката.
Детето претходно често се следело и лекувало во Институтот во Козле и на Клиника со дијагноза астма.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.