Петровска и Османи со протестна нота да реагираат на иредентистичките пораки од Косово за „голема Албанија”, бараат од Левица

Министерот за надворешни работи и претседавач на ОБСЕ, Бујар Османи, со протестна нота да реагира на иредентистичките пораки испратени од Косово, бараат од политичката партија Левица.

– Претседавачот во заминување на ОБСЕ Бујар Османи, да се одважи на иредентистичките пораки испратени од Косово, по повод прославата на формирањето на КБС. КБС, кои се формирани со кршење на резолуцијата 1244 на Обединети Нации и газење на меѓународното право, што не им дава никаков легитимитет, го „прославуваа празникот“ со амблеми на Голема Албанија, кои вклучуваат речиси половина од територијата на Република Македонија!

Иран тврди: 80 отсто од лансираните проектили ги погодија нивните цели
Иранската државна телевизија објави дека 80 отсто од околу 200 проектили истрелани кон Израел ги погодиле нивните цели. Израелските одбранбени сили велат дека засега немаат информации дали некој …
ТЕЖОК ПОРАЗ НА УКРАИНСКАТА ВОЈСКА: Генералот Сирски даде дозвола за повлекување на единиците од Угледар
Руските трупи го окупираа Угледар, откако еден ден претходно влегоа во градот од западната страна и постигнаа значителен напредок. Во тој контекст се појави информација дека врховниот командант …

Овој државен непријателски чин од страна на делумно признаената држава Косово е направен во присуство на Претседателот Курти и Премиерката Османи, што дава целосно право истиот да се толкува како територијална ЗАКАНА. Дополнително, потсетуваме дека ваква порака беше испратена и во Тетово, кога градоначалникот Касами заедно со Курти вееје знаме на Голема Албанија, а целиот случај помина речиси несанкционирано.

Премолчувањето на овие, но и на бројни други инциденти, како и скандалот кога Министерот Османи, наместо за интересите на Македонија, бараше од Шпанија да ја признае независноста на Косово, не само што оправдува и поддржува иредентистичка политика, туку го прави и заговорник и борец за великоалбанската идеја, додека седи во фотелјата на македонското МНР и ужива во привилегиите платени од џебот на македонските граѓани.

Бараме за овој непријателски чин итно да се испрати протестна НОТА, да се известат меѓународните организации и да се побара јавно извинување од косовските власти кон Македонија пред меѓународната заедница. Во спротивно, улогата на Османи нема да може да се толкува како нешто друго, освен како на заговорник на великоалбанската идеја, која го нарушува суверенитетот на Македонија.

Дополнително, за испратената порака со територијални претензии очекуваме и соодветна реакција од министерката за одбрана на „земјата членка на НАТО“, Славјанка Петровска. – велат од Левица.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.