ПЕТРОВСКИ: Мицковски се пазари за уставни измени! Барал потесна средба за да нема сведоци!

Мицкоски се пазари за уставни измени и бара потесна лидерска средба, не поширока како денешната, за да нема сведоци вели Филип Петровски во денешната епизода на Тешки муабети.

– Секако дека се пазари, тоа е диференција специфика на Мицкоски откако е наместен на лажираниот Конгрес во Валандово. Тука е направен првичниот грев кон партијата, членството и Македонија на која ѝ се одзма силата која можеше да ги заштити македонските национални интереси.

ПЕТРОВСКИ: Мицковски се пазари за уставни измени! Барал потесна средба за да нема сведоци!

Се после тоа што доаѓа е последица на тоа, ставен е со друга намера, има дрига агенда, сака тајно да преговара, нли денеска слушнавте, имаме информации дека е викнат во поширок лидерски круг, тој сакал потесна лидерска средба, да нема сведоци.

Јас не гледам ништо неочекувано од него, јас знам дека цело време менува ставови, намената на тие ставови е умртвување на членството. Давњето на спротивни позиции содзава хаос, неверување и разочарување, па аверзија и состојба во која не се спремни на ништо.

Тие лоботомираните кариеристи сместени по институции и штабови не ги сметам, кога ќе иде он ќе идат и они, тие му се свита, ама 300.000 чесни членови, партиоти, прави Македонци, измачени луѓе и граѓани, за нив зборувам. На нив не им се праќаат само сега миксирани пораки, туку од 2018 со кампањата за референдумот па знаете дека на денот на гласањето Мицкокси среде ден се предомисли затоа што виде дека неговата позиција и позицијата на гласањето се различни.

Тој е многу успешен во умртвување на членството, многу убаво одбрани се што бранеше, вели Петровски.

– Признанието на потпретседателите на Мицкокси велат дека низ штабовите има уфрлени агенти-провокатори кои го напаѓаат Мицкоски, го потврдува ова, вели Митовски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.