Пет знаци кои покажуваат дека е време да дадете отказ

Давањето отказ е тешка и стресна одлука, па пред да се одлучите на ваков чекор неопходно е добро да процените со што сте незадоволни и дали е можно да се најде решение за повторно да бидете задоволни на работното место.
Но, ако тоа ви изгледа невозможно, можеби е време да побарате друга работа.
Ова се дел од знаците кои би можеле да укажат дека е време за промени:
1. Чувствувате дека стоите во место
Тешко е да се остане мотивиран и продуктивен на работа ако сметате дека нема простор за напредок. Чувството дека стоите во место може да изгледа различно за секого, на пример тоа може да значи дека не постои можност за зголемување на платата или можност за напредок, но и добивање различни задачи кои не се инспиративни, како и недостиг на нови вештини.
Долгорочните празни ветувања на вашиот шеф, како нова позиција, дополнителна обука и слично исто така може да биде исцрпувачки.
2. Проблеми со шефот
Ќе има моменти кога проблемите со шефот ќе ги надминат повремените несогласувања, а недостигот на доверба и поддршка може да ги задуши продуктивноста и напредувањето во кариерата.
3. Постојано ги одложувате работните задачи
Сите повремено ги одложуваме обврските, но ако постојано чекате до последен миг да ги завршите дадените задачи, иако некогаш се правилно сте распоредувале, тоа би можело да биде сигнал дека е време да продолжите понатаму.
4. Културолошка неповрзаност
Културата на компанијата игра важна улога во вашиот ангажман, продуктивност и среќа, па секој исклучок од праксата може да создаде проблеми.
На пример, ако ви е важна рамнотежата меѓу деловниот и приватниот живот, а шефот во секо време од денот ви испраќа мејлови, тоа може да доведе до „прегорување“ на работа. Начинот на кој компаниите одговорија на потребите на работниците во текот на пандемијата доигра важна улога во одлуката луѓето да дадат отказ од работа.
5. Забележувате други можности
Кога сте незадоволни со моменталната ситуација, почнувате почесто да ги забележувате другите можности, па со тоа се отвораат и нови опции.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.