Пет знаци кои покажуваат дека имате недостаток на протеини

Протеините се суштински дел од нашата исхрана бидејќи играат витална улога во одржувањето на мускулната сила, заздравувањето на раните, создавањето нови клетки и обновувањето на старите.

Ако некое лице не консумира доволно протеини, може да се појават одредени симптоми.
Најјасен знак за недостаток на протеини е губење на мускулната маса. Со него може да има зголемен ризик од фрактури на коските.

Со оглед на тоа што фоликулите на косата, кожата и ноктите се составени од протеински прамени, нискиот внес на протеини може да доведе до слаба и кршлива коса, нокти и проблеми со кожата.
Во екстремни случаи, отечената и надуена кожа е уште еден симптом на недостаток на протеини. Конечно, петтиот симптом на недостаток на протеини е застојот во растот кај децата.

Пет знаци кои покажуваат дека имате недостаток на протеини

Недостатокот на протеини е релативно редок во западните земји. На повеќето здрави возрасни луѓе им требаат 0,81 грама протеини по килограм телесна тежина. Така, на пример, возрасен човек со тежина од 60 килограми треба да зема помеѓу 48 и 60 грама протеини дневно.
Најдобри извори на протеини се јајцата и месото (мисиркино, пилешко, говедско), но и млечни производи. Протеинот може да дојде и од растителни извори, како што се грав, цели зрна, јаткасти плодови и семиња.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.