Пет милиони автомобили Audi со QUATTRO погон – победа на супериорната технологија

Пет милионитиот автомобил Audi со QUATTRO погон излезе од производната лента33 години успех со QUATTRO погон на пат и во мотоспортот AUDI AG прославува еден многу специјален настан – 5 000 000 автомобили Audi со QUATTRO погон. Специјалниот модел е белиот Audi А6 allroad со 3.0 TDI мотор, кој што излезе од фабриката Некарслум. Рекордот е доказ за пионерската улога која што ја одигра Audi при воведување на QUATTRO погонот на сите тркала – нема ниту еден друг премиум бренд во светот што може да се пофали со толкава продажба на автомобили со погон на сите четири тркала или да се спореди со големиот спектар кој брои повеќе од 140 QUATTRO варијанти. QUATTRO технологија дебитираше во 1980 година со легендарниот, оригинален QUATTRO автомобил. Ако се соберат сите достапни варијанти кај каросеријата, моторите и погонските системи ќе се добие бројка поголема од 140 различни QUATTRO модели. Audi има најголема гама на автомобили со погон на сите тркала: Audi Q7, R8, A4 allroad, како и сите А6 allroad S и RS модели достапни се со QUATTRO погон, Audi овој погон го нуди како опција и кај сите други модели. “QUATTRO е еден од столбови на нашиот бренд и клучен фактор во нашата успешна историја”, изјави Руперт Штадлер, претседател на управниот одбор на AUDI AG. “QUATTRO постојаниот погон на сите тркала овозможува директно да се искуси нашиот слоган  'Vorsprung durch Technik.” „Напредок низ техника“ Ние сме посветени на нашата пионерска улога, а таа предност ќе ја задржиме и при развојот на новите технологии.” QUATTRO е повеќе од технологија – QUATTRO е икона. Името претставува безбедност при возењето, спортски дух, техничка компетентност, динамичен став кој не дозволува лошите услови на патот да ве одвратат од вашата цел. Успехот на моделите QUATTRO на пат и во мотоспортот придонесоа, како во легендарната ТВ реклами од 1986 година, Audi 100 CS QUATTRO со својата сопствена моќ ја искачи скијачката скокалница Каипола, во Финска. “QUATTRO” значи “Audi” и “Audi” значи “QUATTRO”: во 2012 година повеќе од43 проценти од клиентите избраа Audi модел со QUATTRO погон –што претставува нов рекорд. Audi Q5 е врвот на листата со околу 205 600 испораки. Но не се само SUV возачи тие кои се потпираат на QUATTRO погон од брендот со четири прстени: речиси една четвртина од клиенти на другите модели избраа QUATTRO погон во 2012 година. QUATTRO моделите особено добро се продаваат во САД, Канада, Русија и на пазарите на Блискиот Исток. Статистика за 2012 година покажува дека околу 99 800 ново регистрирани модели во Германија се со погон на сите тркала.Пет милионитиот автомобил Audi со QUATTRO погон излезе од производната лента33 години успех со QUATTRO пого

Пронајдете не на следниве мрежи: