Пет намирници од кујната кои ги лекуваат изгорениците од сонце

Кога станува збор за изгорениците од сонце, важи изреката: “Подобро е да се спречи, отколку да се лечи“. Превенцијата е најдобриот начин да се заштитите од краткотрајните последици како црвенило, болка или меури, но исто така и да го намалите ризикот од долготрајни оштетувања на кожата или малигни заболувања.
Изгорениците од сонце настануваат како резултат на предолго изложување на сончевите зраци, без или со недоволна заштита. Многу е едноставно додека сте на плажа да заборавите да го обновите заштитниот слој крем по излегувањето од водата или забавувајќи се да си кажете дека сонцето не е доволно силно за да ви наштети и целосно да го прескокнете кремот со заштитен фактор (SPF).
Е, тогаш настануваат изгорениците од сонце, кои се многу непријатни. Додека размислувате како да ги смирите и да ја намалите болката побарајте го лекот во вашата кујна.

Компир – излупете го компирот и исечкајте го на кругови и со нив обложете го изгореното место на телото.

Зелен чај – за игореници на лице најмногу помага зелениот чај. Ставете две вреќички зелен чај во вода и потоа ставете ги на лицето. Благодарение на танинот кој го содржи зелениот чај болката ќе се смири.

Домат – ликопенот кој го содржи доматот е одлична превенција за заштита од изгореници. Но ако веќе дојде до нив, повторно лекот може да го најдете во доматот ако со внатрешниот дел нежно го триете изгореното место.

Краставица – уште една делотворна намирница која ги смирува изгорениците на кожата. Излупете ја краставицата, исечете ја и исцедете го сокот од неа, па додадете глицерин и намачкајте го болното место.

Оцет – ставете алкохолен оцет на памукче и тријте го проблематичното место, непријатното чувство и болка ќе исчезне за помалку од 15-на минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.