Пет причини зошто жените изневеруваат

И жените изневеруваат, исто како мажите, но често недостасуваат одговори на прашањата колку често изневеруваат и поради што го прават тоа.
Советникот за љубовни проблеми, Рене Ли, направи студија и дојде до петте најчести причини поради кои жените вршат прељуба.
1. Сакаат промена
Промените, најчесто оние негативните, предизвикуваат различни емоции и ги тераат луѓето да се прашаат до каде се и како ќе биде понатаму. Тие оставаат видливи траги на жените, а нивните партнери понекогаш немаат разбирање за нив бидејќи се оптоварени со сопствените проблеми.
Од таа причина кај жените се јавува желба за промена, за некој кој ќе ги насочи кон нешто поинакво и повеќе позитивно.
2. Недостаток на внимание
Многу жени кои се во долги врски по одреден период не се чувствуваат доволно посакувано. Ова се случува поради недостаток на убави зборови и внимание од страна на партнерот. На жените им е многу важен фидбекот, комплиментите и знаците дека партнерот ги забележува. Ако тоа го немаат дома, депресијата и фрустрациите ќе ги лечат на друго место.


3. Имаат чувство дека е готово
Ова чувство создава голема празнина којашто жената ја ублажува така што минува време со некој друг. Често се случува на тој начин намерно да се ставаат во искушение бидејќи сакаат да знаат што чувствуваат и колку им е всушност грижа за партнерот.
4. Нема повеќе забава
Ако нема забава и смеа во врската, жената тоа ќе го побара на друго место, кај луѓе на кои не им недостига смеата. Тоа може да бидат колеги, пријатели, но многу често и други мажи.
5. Досада во креветот
И жените сакаат новитети во кревет, копнеат по сексуални промени бидејќи им е важно да се чувствуваат посакувано. Често знаат да го споредат својот сексуален живот со еротски книги или еротски филмски сцени, по што создаваат верување дека можат да бидат подобри во сексот. Токму поради тие причини може да побараат возбуда на друго место.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.