Во продолжение откријте неколку причини поради кои треба да пиете какао секој ден.
Ги зајакнува крвните садови
Какаото помага во стабилизирање или намалување на крвниот притисок, ги зајакнува крвните садови и го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања.
Помага во закрепнување на мускулите
Научниците докажаа дека по употребата на какао, мускулите на спортистите се опоравуваат побрзо. Какаото содржи протеини кои се потребни за обнова на мускулите.
Ви дава енергија
Какаото и чоколадото се многу корисни за активна ментална или физичка работа и многумина ги нарекуваат одлични антидепресиви.
Ако испиете чаша какао наутро, оваа напивка ќе ви даде енергија и ќе ве поттикне да ги завршите секојдневните активности.
Ја подобрува меморијата
Флавоноидите кои ги има во какаото го намалат ризикот од деменција и директно влијаат на структурата и функцијата на мозокот. Овие соединенија ги штитат невроните на мозокот од оштетување и го подобруваат метаболизмот и меморијата.
Помага во борбата против вишокот килограми
Какото предизвикува чувство на ситост, па по шолја топло какао ќе изедете помал оброк бидејќи спречува прејадување.