четврток, 12 ноември 2026
Најново

КАТАСТРОФА: ПЕТ скенерот надвор од функција, здравство тврди проблемот бил технички

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

ПЕТ скенерот, кој е единствен во земјава, не работи, а причината за тоа, според тврдењето на Министерството за здравство, е технички проблем со производството на радиоизотопи.

Оттаму велат дека овластениот сервисер работи на отстранување на дефектот и дека се преземаат сите неопходни чекори повторно да биде ставен во функција во најкраток рок.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Причината за застојот ја гледаат во долгогодишното занемарување во изминатите години.

Проблемот го обелодени „Левица“ која денеска преку соопштение информираше дека ПЕН скенот со месеци е надвор од функција и дека пациенти биле враќани повеќепати, а дел од нив биле принудени да плаќаат приватнно или во странство за што издвојувале околу 1.300 евра.

– Практично, ДПМНЕ без трошка совест и чувство за одговорност, им остави на онколошките пациенти суров избор да губат драгоцено време чекајќи расипан државен ПЕТ/КТ, или да најдат 1.300 евра за дијагностика што здравствениот систем требало да им ја обезбеди. Клековски и надлежните мора да одговараат за секое занемарување што ја претворило виталната дијагностика во луксуз и го ставило лекувањето на најтешко болните во заложништво на вмровската негрижа!, велат од Левица.

 

Поврзани вести