Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го нарече срамниот билборд за влезот во Скопје „печатна грешка“.
Ова не е печатна грешка. Печатна грешка е кога има грешка во текстот. Ова е графички производ со коњ со пет нозе, мост без крај и храм на Свети Сава од Белград наместо скопски пејсаж.
Не е направено од графички дизајнер туку со вештачка интелигенција, без контрола и без елементарна проверка.
Тоа што градоначалникот на главниот град може да изјави дека е „печатна грешка“ зборува за апсолутна неписменост и за тоа колку никој во Град Скопје не контролира ништо што се работи.
Ова е уште еден доказ дека ВМРО-ОКГ и неговите кадри работат по моделот на нивната сродна партија од Србија, со иста аматерска и примитивна логика. Нема контрола, нема проверка, нема одговорност.
Градот не функционира од кога Орце е градоначалник.
Не може да го реши ѓубрето во главниот град, не може да го реши градскиот превоз а се занимава со промоција преку AI-генерирани билборди.
Сега прашуваме:
• Кои фирми учествуваа во изработката на графичкото решение?
• На основа на кои параметри е избрана фирмата?
• Дали е спроведена јавна набавка согласно законот?
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ОКГ покажаа дека не се способни ниту за основни работи во градот.
Наместо да се занимаваат со чистење на Скопје и со вистински проекти, произведуваат срамни билборди и потоа се правдаат со „печатни грешки“. – се вели во соопштението на СДСМ
Пронајдете не на следниве мрежи:



