1 кг пилешки копани
400 г кромид
100 г брашно
2 пиперки
1 пилешка коцка за супа
1 лажицa црвен пипер
1 лажица шеќер
1 кафена лажица кари
масло, сол и мелен црн пипер
Копаните посолете ги, наросете ги со црн пипер и кари и свалкајте ги во брашно. Ставете ги во тава, попрскајте со масло и печете ги 30 минути на 200 степени. Ако сакате копаните подобро да ги впијат зачините засечете ги на по 2-3 места.
Кромидот исечете го на парчиња, испржете го и посолете го. Додадете ги парчињата пиперка, шеќерот, црвениот пипер и сол. Откако пиперката ќе се запржи додадете ги копаните и 400 мл супа од коцка и динстајте 30-тина минути.