Печени лепчиња со јајца

Состојки
10на кришки бајат леб
5 јајца

Ова е повеќе идеја и модификација на класичниот начин на пржени лепчиња.
Добар начин да за оние кои избегнуваат пржено, одличен, како е лето, но сепак лебот брзо се расипува, па е одличен начин да се искористи, а и на зима да се загрее рерна и да се направи појадок во еден зафат за нецел половина час.
Во чинија се разматуваат јајцата и од двете страни се макаат лепчињата кои потоа се редат во плех обложен со пек-хартија и се печат во загреана рерна на 200С.
Не ставајте ништо друго во јајцата за да добиете убави меки лепчиња. Јас намерно измешав и направив во плехот дел само со јајца и дел со млеко и малку сол. Има разлика.
Направени само со јајца можи да ги јадите и во солена варијанта (со сирење на пример) и во блага, моја омилена, варијанта со мармалад.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.