Печени млечни макарони

Состојки
Состојки
500 гр макарони
250 гр кајмак
1 л млеко
200 мл јогурт
100 мл зејтин
300 гр сирење
4 јајца
150 гр кашкавал
1 лажичка сол
1 лажичка црн пипер

Едноставен, вкусен и протеински ручек.
Во еден сад се матат со маталка јајцата со сол и црн пипер. Се додава ренданото сирење(рендано на крупно),кајмакот и јогуртот.
Макароните не варени се ставаат во плехот во кој ќе ги печеме. Се додава смесата со јајца и се меша со макароните. Се полеваат на крај со млекото и се стават да се печат на 200 степени околу 40 минути. Потоа се посипуваат со рендан кашкавал и се враќаат уште 10 минути. Пред служење најдобро е малку да се оладат за подобро да се сечат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.