Печени тиквички со сос од јогурт

Идеја за лесен и вкусен летен ручек.
Потребни состојки:
4 средни тиквички
1 шолја пармезан
1 шолја презла
Оригано
Свеж босилек
2 чешниња лук
За сосот
240 мл јогурт
1 чешне лук
Магдонос


Начин на подготовка:
Исечете ги тиквичките на подебели кришки па прелијте ги со маслиново масло. Во сад додајте пармезан, презла, оригано, сол, исечкан босилек и изрендан лук. Промешајте и извалкајте ги тиквичките од двете страни во таа смеса. Наредете ги во тава и печете ги на 200 степни околу 15 минути.
За сосот:
Промешајте јогурт, рендан лук и сечкан магдонос. Соединете и сосот е готов.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.